Home » Интензивни подготовки за комедијата под ѕвездено небо на Битолскиот театар

Интензивни подготовки за комедијата под ѕвездено небо на Битолскиот театар

by culturalchat

По повод премиерата на комедијата под ѕвездено небо, „Рибарски караници“ на 25. јули, на Ротинското езеро, Битолскиот театар во интензивни подготовки. Претставата е во режија на Јован Ристовски, и во истата играат: Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска и Марија Стефановска.Битолскиот театар со поддршка од Општина Битола, го реконструираше патот кој води до езерото, туристичка атракција на која за прв пат ќе се одигра театарска претстава. Уште еден доказ дека театарот го менува светот. НУ Народен театар Битола ви приредува вечер каква што досега не сте доживеале! Под отворено небо, крај езерото, се сретнуваат љубовта, смеата и јазикот на Карло Голдони во прекрасната комедија. Следната изведба е на 26. Јули, сабота од 20 часот.Онлајн билети за продажба на следниот линк:
https://narodenteatarbitola.com/events/ribarski-karanici-p/
За претставата има организиран превоз.

 

 

 

Related Articles