Home » Инспиративни битолчанки: „Соништата го движат нашиот живот“-Соња Михајлова

Инспиративни битолчанки: „Соништата го движат нашиот живот“-Соња Михајлова

by culturalchat

„Мојата работа ,професија ,е мој личен  избор што сум го направила и токму затоа тоа е основниот мотив  да се преброди секој проблем“, вака го започна разговорот со нас реномираната актерка Соња Михајлова, а по повод месецот на жената.

Таа целиот свој работен век го поминала на штиците на Народниот театар Битола. Нејзиното портфолио е исполнето со над 150 улоги на матичната сцена и театарскте сцени во Скопје, Прилеп, сцените низ Европа, Америка, Австралија. Тука се и нејзините улоги во ТВ сериите „Бушава азбука“, „Девојките на Марко“ и уште многу други. Зад неа се и повеќе меѓународни театарски проекти, главно во копродукции со европски тетри. За нејзината работа е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои ќе ги издвоиме: на Театарскиот Фестивал „Војдан Чернодрински“ ги добива наградите за Млад Актер и за Најдобро актерско остварување; наградата „Ристо Шишков“ за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица за улогата на Петра Фон Кант; наградата Златна маска на Интернационалниот Фестивал „Охридско Лето“ за најдобра женска улога, за улогата на Голде во „Свирачот на покривот“, наградата за најдобра женска актерка на Интернационалнот Фестивал на античка драма ,,Стоби”, за машката улога на Јулие Цезар.Беше дел од филмовите: „Кајмак“ на Манчевски, „До Балчак“, “„Сенки“, и други.

Колку е важна меѓусебната поддршка помеѓу жените?

С.М.- За жал сеуште во општеството живееме во  родова нееднаквост до мажите,па така мислам  многу е важна  меѓусебната поддршка помеѓу жените зашто сама жена е силна, но заедно имаме влијание. Да, јас сум за поддршка меѓу жените,но подеднаква кон секоја жена,чиста женска поддршка, зашто сепак најдобро се рабираме…😊но за жал и меѓу нас жените поддршката е прилично селективна , прилично одредена со статус,експонираност,моќ,политика,интереси, така да често  поддршката е многу повеќе насочена таму кај што треба  помалку едноставно забораваме голема категорија на жени на кои вистински им треба поддршка од нас жените.

Што те мотивира во работата да продолжиш понатаму кога ќе се појават проблеми?

С.М.-Што ме мотивира….мојата работа ,професија ,е мој личен  избор што сум го направила и токму затоа тоа е основниот мотив  да се преброди секој проблем..почитта кон личните избори е всушност себе почит и тоа најголемиот мотив да се издржат и надминат сите проблеми од надвор кои сепак се минливи, се е во движење ,дури и самата можеби се менувам од надвор во околностите, но  не можам да избегам од она што навистина е длабоко во мене,моите принципи,моите избори, љубовта  и почитта кон  сопствениот живот со сето она што тој го носи.

Зошто е важно да се живеат своите соништа и да не се откажуваме од истите?

С.М.-Соништата го движат нашиот живот. Секој сон води кон желбата да се одсонува во живо , на јаве ,сеедно на исходот ,убав ,грд,тоа е она што не прави она што сме низ животот,не прави помудри, посилни. Нема откажување од соништата,ако се откажам од соништата како да сум се откажала од себе ,од својот живот.

 

Related Articles