Home » Инспиративни битолчанки: „Проблемите не се случуваат за да те скршат трајно,туку за да те предизвикаат“-Лили Кадинска

Инспиративни битолчанки: „Проблемите не се случуваат за да те скршат трајно,туку за да те предизвикаат“-Лили Кадинска

by culturalchat

Модната креаторка и сопственичката на модното студио „Ле Бранд“ во Битола, инспиративна и креативна, Лили Кадинска е дел од нашиот избор на жените лавици, битолчанки кои храбро чекорат низ полето наречено живот.Во месецот на жената ја промовираше кампањата „ЗНАМ,МОЖАМ,СОЗДАВАМ“ за подигање на свесноста кај жените за нивните капацитети, способности и сила да се изборат за подобро место во општеството. Нејзините креации се продаваат во изложбениот простор на Ле Бранд во Битола,а онлајн се присутни на концептуалната продавница URMA за Македонија и на светската платформа за независни дизајнери Еtsy.

Последната нејзина колекција со која го привлече вниманието на јавноста е “Б У К В И”,  колекција на кошули инспирирана од прекрасните стихови во македонската поезија.

Колку е важна меѓусебната поддршка помеѓу жените?

Л.К.- Поддршката и позитивниот пример помеѓу жените треба да се одвива на повеќе нивоа.Од поттикнување на економската независност и самоодржливост до рано согледување на семејното насилство. Во јакнењето на позицијата на жената посебно може да придонесат жените кои веќе го изоделе патот независно за која сфера или проблематика станува збор,затоа што од психолошки аспект се поистоветуваме единствено со сличниот нас. А,на една жена,најслична и е друга жена.

Што те мотивира во работата да продолжиш понатаму кога ќе се појават проблеми?

Л.К.- Проблемите не се случуваат за да те скршат трајно,туку за да те предизвикаат. Мене лично,кога ќе се појави некој проблем ме мотивира патот изоден од почетната точка на нештото до појавата на проблемот .Кога ќе сфатиш дека назад е далеку зад тебе и дека си стигнал предалеку за да се откажеш,тогаш го решаваш проблемот и продолжуваш каде што си тргнал.

Зошто е важно да се живеат своите соништа и да не се откажуваме од истите?

Л.К.- Многу е важно своите соништа да ги претвориш во јаве и да излезеш од комфорната зона на сонување, за да ги доживееш вистински. Затоа што на крај ни е жал само за соништата што не сме се обиделе да ги реализираме.

 

Related Articles