Home » Инспиративни битолчанки:Од Роланд Гарос до Олимписките игри-Анета Павловска

Инспиративни битолчанки:Од Роланд Гарос до Олимписките игри-Анета Павловска

by culturalchat

“Нека ве води срцето во се што правите и со јасна цел и напорна работа сите врвови ќе станат достижни, а притоа нема да чувствувате дека сте се измориле качувајќи се. Олимпијадата е сон на секој спортист и спортски работник,  а кога ќе ги реализирате и живеете своите соништа, тоа изгледа вака. Верувајте во себе и храбро посегнете по тоа што го сакате”, ова е мотото под кое се води тениската судивка, Анета Павловска.

Таа го исполни својот сон и судеше на олимписките игри во Токио. Покрај тоа веќе долги години е дел од големите спортски случувања, Роланд Гарос,(и тоа повеќе пати),  параолимписките игри во Рио, Вимблдон и други. По повод празникот на жената 8-ми март, ние одлучивме да поразговараме со неколку жени лавици, битолчанки кои храбро чекорат низ полето наречено живот со насмевка и сила која мотивира, инспирира, дава полет. Еве што Павловска ни изјави за тоа колку е важна меѓусебната поддршка помеѓу жените?

А.П.- Жените се позитивно луди, а кога се заедно се незапирливи и чуда прават. Зa да одговорам на прашањето само ќе го искористам слоганот-заедно сме посилни. Начинот на кој жената слуша, размислува и ги живее сите предизвици, со споделувањето на своите искуства и давањето подршка на друга жена го придвижува светот и го прави поубаво место за живеење.

Што те мотивира во работата да продолжиш понатаму кога ќе се појават проблеми?

А.П.- Не само во работата туку и во секојдневниот живот љубовта е моја најголема мотивација. Доколку го работиш тоа што го сакаш, ти не работиш ни еден ден во животот а пропратните проблеми се само дополнителен мотив дека сѐ што се сака се може и не е тешко особено кога јасно знаеш кон што целиш. 

Зошто е важно да се живеат своите соништа и да не се откажуваме од истите?

А.П.- Кога еден човек ги живее своите соништа и е задоволен од себеси и сопствениот живот тој е среќен и исполнет човек. А знаеме што сѐ човек може кога е среќен и исполнет ….Зарем тоа не е доволна причина да не се откажуваме од истите !?

 

Related Articles