Home » Импровокација пред публиката на Маратонот на комедијата

Импровокација пред публиката на Маратонот на комедијата

by culturalchat

Култното шоу во кое додека не започне никој, дури ни изведувачите не знаат што ќе се случи, повторно се враќа на својата матична сцена. Па така на 23-ти јули со почеток од 20 часот на сцената во Народниот театар во Охрид, Импровокација повторно пред публиката.

Неверојатна театарска импровизација која 7 сезони се случува секогаш премиерно затоа што публиката предлага во која насока ќе се одвива шоуто. Шоу во кое за ваше трајно задоволство ќе се погрижат импровокаторите: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски, Никола Јосифоски и Филип Ангеличин Жура.

Шоуто претставува уникатна форма на театар, каде преку еден неформален и забавен начин се креира театарската игра со цел да се доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Покрај уникатната форма на изведба, карактеристично за шоуто е што секогаш е различно.

За прв пат, актерите од Народниот Театар од Охрид Стрезо Стаматовски, Никола Тодоровски и Филип Кипровски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура ја играат на 25 февруари 2016 година. Кон „импровокаторите“ , во третата сезона се приклучува Никола Јосифоски како музичар импровокатор со што се комплетира составот на „Импровокација“.

Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.

 

 

 

Related Articles