Home » Израелската претстава „Свиреж-мајка ми беше секретарка на Менгеле“ изведена во Битола

Израелската претстава „Свиреж-мајка ми беше секретарка на Менгеле“ изведена во Битола

by culturalchat

На Фестивалот на монодрама  беше изведена претставата „ Свиреж-мајка ми беше секретарка на Менгеле“. Се работи за независен проект од Камери театар Тел Авив, Израел. Претставата се одигра на сцената под ротација на Народниот театар. Истата е работена по автобиографскиот текст на Јакоб Бучан, адаптација Хадар Галрон, режија Хана Вазана-Гринвалд, актер Хадар Галрон.

Тами, единственото преживеано дете од Аушвиц, на 45 годишна возраст открива дека сеуште не почнала да живее. Ова запрепастувачко откритие и станува јасно преку еден странец, кој одеднаш влегува во нејзиниот живот и ги отвора заклучените врати на нејзината душа. Тами чувствува дека ова е нејзината “последна шанса”… но дали е способна да љуби како што сонува? Од кого треба да побара дозвола? Дали може да верува дека заслужува љубов?

Оваа монодрама ја носи болката на втората генерација преживеани и ги открива невидливите рани од Холокаустот, преку човечка приказна за жена која се бори за нејзиното природно право да се радува, живее, љуби…Но црната дупка внатре се заканува дека ќе го проголта секој кој ќе се приближи.

Фотографии Диоген Хаџи Коста Милевски

 

Related Articles