Home » Изложба на Сашо Ставрев за 90 годишното постоење на ПСК „Пелистер“

Изложба на Сашо Ставрев за 90 годишното постоење на ПСК „Пелистер“

by culturalchat

По повод 90 годишното постоење на Планинарско Спортскиот клуб „Пелистер“ Битола, ќе биде организирана пригодна програма која започнува денес со почеток од 19 часот, во Свечената сала на КИЦ – Офицерски дом, со отворањето на фото изложбата на планинарот и фотограф Сашо Ставрев  „Со душа за Пелистер“.Програмата продолжува на 11 декември (четврток), од 19.00 ч. во Народниот театар Битола со презентација на д-р. Сашко Кедев „14 x 8.000 метри“. На 14 декември (недела) во соработка со ФПСМ и ЈУНП Пелистер ќе се одржи планинарската пешачка тура од с. Цапари до Инфо-центар на НП Пелистер, „Денот на планината“. Челниците на клубот ќе доделат благодарници и пофалници на неколку институции кои допринеле за развојот и опстанокот на ПСК „Пелистер“.

 

Related Articles