„Монодиоптрија“ е визуелно патување и ретроспектива на најмоќните моменти од Интернационалниот фестивал на монодрама во периодот 2019 – 2023 година. Изложбата се состои од 30 фотографии создадени од фотографот Диоген Хаџи – Коста Милевски кои ги визуелизираат емоциите и суштината на ликовите толкувани од 25 актерите во монодрамите одиграни на сцените на фестовалот во изминатите неколку години. Отварањето на изложбата ќе биде на 22. мај во Фоајето на НУ Центара за култура Битола во 19:30, а сите љубители на фотографијата ќе можат да ја погледнат оваа МОНОДИОПТРИЈА до 31 мај.
Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура, а партнери на проектот се НУ Центарот за култура и здружението Центар за европски развој и интеграција од Битола.