Home » Изложба во Битолската библиотека по повод Денот на мајчиниот јазик

Изложба во Битолската библиотека по повод Денот на мајчиниот јазик

by culturalchat

По повод 21 февруари, Меѓунарoдниот ден на мајчиниот јазик во холот на Библиотеката е поставена изложба на литература како на македонски јазик, така и на повеќе светски јазици.Овој ден е прогласен за меѓународен ден на мајчиниот јазик на XXX седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 година, а 21 февруари е ден на кој се одржани драматичните протести за бенгалскиот јазик. Во 2000 година овој датум е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност. За жал се повеќе јазици во светот изумираат, а статистичките податоци покажуваат дека во последните три векови веќе има изумирање или драматично намалување на јазиците.Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови од светот. Се цел да се зачува мајчиниот јазик на секој поединец, Библиотеката и оваа година постави изложба со книги на најразлични јазици. Богатиот фонд на книги е достапен за сите членови на библиотеката.

 

Related Articles