По повод 140 години од раѓањето и 50 години од смртта на Пабло Пикасо, Амбасадата на Кралството Шпанија ќе oрганизира серија на изложби посветени на големиот Шпански уметник Пабло Пикасо. По големиот успех во 2016 година на изложбата „Пикасо можеби јас“ на македонскиот уметник Филип Фидановски покажана пред Скопската публика, овој пат изложбата ќе имаат можност да ја погледнат граѓаните на Битола.
Со серијата на изложби кои се во организација на Амбасадата се оддава достојна почит на уметникот кој остави голем број на дела на целиот свет. Пикасо како основач на кубизмот кој со својата уметност е непресушна инспирација и предизвик за многу светски познати уметници. Така и македонскиот уметник Филип Фидановски се вбројува во таа листа на уметници. Амбасадата на Кралството Шпанија покрај промоцијата на Шпанските уметници успешно соработува и подржува многу македоннски уметници кои го негуваат Шпанскиот уметнички дух.
На изложбата „Пикасо Можеби јас“, ќе бидат прикажани и 10 скулптури (портрети) изработени во керамика, инспирирани од делата на Пабло Пикасо. На оваа изложба покрај скулптурите во форма на легенди на делата ќе бидат претставени репродукции на оргиналните дела на Пикасо од каде Фидановски и ја црпи инспирацијата за неговите дела.
Изложбата ќе биде презентирана на 3-ти март, во Битолскиот Завод и Музеј со почеток од 19 часот.