Home » Изложбата Имагинариум на Татјана Манева наскоро во Битола

Изложбата Имагинариум на Татјана Манева наскоро во Битола

by culturalchat

На 18. ноември во 19 часот, во Ликовниот салон на ДЛУБ, ќе биде презентирана изложбата Имагинариум, на Татјана Манева, во организација на Друштвото на ликовни уметници Битола. На изложбата ќе бидат претставени 15 уметнички дела, изработени во период 2021/2022 година.  Татјана Манева е  награден автор на минатогодишната Ноемвриска изложба.

Манева е родена 1978 година во Битола. Член е на ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници на Македонија) и на ДЛУБ (Друштво на ликовни уметници на Битола). Во 2002 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсек графика, а во 2004 година магистрира на истиот факултет.

Досега реализирала повеќе самостојни изложби: „Знаковни метаморфози”, Уметничка галерија, Битола, „Писма, знаци, симболи”,  Салон на ДЛУМ, Скопје, „Ne lisez pas”-, Cite des arts , Париз, Франција, „Butterfield 12”, Блу кафе , Скопје, „Butterfield 12”, Салон на ДЛУБ , Битола, „Везилка”, Центар за култура , Гостивар, „Градот и природата1“, Win Win Gallery – Амстердам, Холандија, „Градот и природата 2“, Македонски центар, Њујорк, САД, „Кинески зодијак “ , Галерија Магаза, Битола „Дрво на животот 1“, НУЦК Трајко Прокопиев, Куманово, „Дрво на животот 2“, КИЦ, Скопје“ и други.

Покрај 4-то ноемвриската награда минатата година доделена од ДЛУБ, таа ги освоила наградите:  2006 – Откупна награда, Интернационално графичко биенале, Сеул, Ј. Кореја, 2009 – Награда за млад автор, Интернационално графичко триенале, Битола, 2010 – Награда за млад автор, Светска галерија на уметноста на хартија – цртеж, Скопје, 2011 – Почесна награда, Интернационално графичко биенале “Барат Баван”, Индија, 2012 – Рамноправна награда, Интернационално графичко триенале, Битола.

 

Изложбата е поддржана од Општина Битола и истата ќе биде поставена до 28 ноември.

 

Related Articles