Хрватското книжевно друштво – Задар започна проект за доделување на наградата „Горан Бујиќ“, во чест на сега починатиот новинар, писател, уредник, Бујиќ. Покрај „Денови на ХКД“ се доделуваат и наградите за животно дело и за културна дејност и соработка со здруженија. Жирито оваа година го сочинуваа: Никола Шимиќ Тонин, д-р Жаклина Кутија, др.сц. Ерни Гиганте Дешковиќ, Анте Грегов Јурин, др.сц. Драган Глигора, академик Васил Тоциновски, Давор Јашек, Жарко Милениќ, Никица Симиќ, Миќо Мариќ, Миленко Милко Дујела, Игор Маштруко, Горан Мрњавац, доц.др.сц. Патрик Левачиќ, Велимир Жиго, Денис Брукета, Ивана Кутија и Андреја Малта.
„Инспирирани од оригиналната идеја на професорката и писателка, Жаклина Кутија, и со несебична помош и поддршка на Хрватското книжевно друштво – Задар, чиј раководител сум јас, решивме да започнеме да ја доделуваме книжевната награда во спомен на Горан Бујиќ: Горан Бујиќ – Награда за книга – книжевни новинари, и наградите за кои лично се залагав, наградите „Донат“, „Донат за литературен и културен придонес“ заедно со „Денови на ХКДЗД“ и „Денови на градот Задар“, увидувајќи ја потребата од истото, и „Награди за животно дело“. Сакав да ја исправам неправдата нанесена кон некои од авторите кои неправедно беа заобиколени, а чие дело остави неизбришлива и значајна трага во културата, културниот живот на Р. Хрватска и надвор од нејзините граници“ – истакнува Никола Шимиќ Тонин, претседател на Хрватското книжевно друштво – Задар, кој е и организатор на доделувањето.
Наградите се доделуваат секоја година, на 28 ноември, роденденот на Горан. Наградата се состои од диплома, медал со ликот на Горан Бујиќ и уметничка слика / фотографија од еминентни задарски уметници.
Битолчанецот Пејковски е македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, прозаист, публицист, новинар, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е доктор по културолошки студии на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје и доцент од областа Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје. Автор е на 23 драмски дела, 6 сценско-драмски рецитали, 21 стихозбирка, 1 роман, 4 научно-истражувачки книги за театрологија, 3 публицистички книги и над 50 дела од научната област. Покрај многубројните награди минатата година ја доби и меѓународната Голема повелба „Балкан – срцето на Европа – 2023“.
Пејковски е директор на Македонскиот културен центар во Софија, Бугарија.