Home » Златната камера 300 доделена на кинематограферката Џудит Кауфман за филмот „Наставничка канцеларија“

Златната камера 300 доделена на кинематограферката Џудит Кауфман за филмот „Наставничка канцеларија“

by culturalchat

Фестивалот секоја година ги вреднува најдобрите кинематографери. Златна камера 300 годинава жирито и додели на кинематограферката Џудит Кауфман за филмот „Наставничка канцеларија“, Сребрена камера 300 на Ранабир Дас за филмот „Се што замислуваме како светлина“, за кој жирито рече дека станува збор за мошне иновативна и интересна презентација на кинематографијата, Бронзена камера 300 за Расмус Видебек за филмот „Ветена земја“, за неговото мајсторско толкување на денешницата, а посебно признание во главната селекција му е доделено на Пабло Лозано за филмот „Хроники на една скитничка светица“. Жирито кое одлучуваше за филмовите во главната селекција го сочинуваа: Џон Сил, претседател на жирито, австралијански кинематографер, Ањес Годар, француска кинематограферка, Џевахир Шахин, турски кинематографер, Биргит Гудјонсдотир, исландска кинематограферка и Владимир Блажевски, македонски режисер и сценарист.

– Ова беше многу тешка одлука. Сите филмови беа со многу интересна фотографија поради што многу ни беше тешко да одлучиме. Откривме дека филмот „Наставничка просторија“ имаше многу добра кинематографска поддршка и одржуваше многу добра и конзистентна слика која ја маѓепснички ја прикажа драмата во сценариото“, рече Сил честитајќи им на наградените. Од сите лауреати во Битола вечерва беше само Пабло Лозано, кој доби посебно признание и од сцената на Центарот за култура во Битола се заблагодари за можноста да биде дел од Фестивалот „Браќа Манаки“ и се заблагодари на својот тим со кој работеле на филмот. Наградата му ја врачи министерот за култура, Зоран Љутков.“Ми беше чест да доделам посебно признание на Пабло Лозано за филмот кој беше во официјална селекција со наслов “Хроники на една скитачка светица”. Честитки и за останатите кинематографери како и за организаторите на фестивалот кој Битола ја стави на светската мапа на значајни културни центри на филмската уметност”, истакна министерот.

 

Related Articles