Home » Златица Лазарова и Елеонора Џоџоска лауреати на Пијанофест 2024

Златица Лазарова и Елеонора Џоџоска лауреати на Пијанофест 2024

by culturalchat

Со доделување на наградите на најдобрите заврши годинешното 6.издание на меѓународниот пијано натпревар Пијанофест 2024. Оваа година околу 150 учесници се натпреваруваа во дисциплините пијано соло, соло пеење, и за прв пат и во дисциплината камерна музика. Меѓународна жири комисија оваа година беше составена од: за дисциплината пијано Бојана Родиќ (Србија), Елена Ѓоргиева (Македонија) и Милица Лоренс ( Малта ). Во дисциплината соло пеење: Македонка Митреска (Македонија), Иванка Нинова ( Бугарија ), Маја Митровска (Македонија). И во дисциплината камерна музика : Милица Лоренс ( Малта ), Вангел Мажевски ( Македонија ), Иванка Нинова ( Бугарија ). Жири комисиите ги доделија првите места на:

Дисциплина пијано преткатегорија: Кристел Јатру, Албанија и Макивиќ Дамјан, Србија.

Прва категорија: Алексеј Белевски, Македонија, Вук Џокиќ, Србија, Климент Ковачевски, Македонија.

Втора категорија:Јане Петровски, Македонија.

Трета категорија: Јован Цветиновски.

Четврта категорија: Златица Лазарова.

Соло пеење, Б категорија: Мартин Димитриевски, Елеонора Џоџоска.Камерна музика: 100 поени трио кларинети Никола Пашкоски, Давид Трајкоски, Стефан Ѓорѓиоски. Лауреати оваа година се: категорија пијано: Златица Лазарова, категорија соло пеење Елеонора Џоџоска. Беа доделени и награди за најдобри наставници и тоа на:Паола Кондакчи од Албанија и Душан Сутон од Србија. Лауреатите добиваат парична награда заедно со нивните ментори, и награда концерт за отварање на Пијанофест 2025. Пијанофест 2024 беше отворен со свечен концерт со лауреатите од минатогодишниот натпревар во цвечената сала на КИЦ.Офицерскиот дом во Битола и на истиот музичката магија ја пренесоа: Јана Блажевска Соло Пеење ( Македонија) и Јурген Алија Пијано ( Албанија). Натпреварот е во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО од Битола, а се реализираше под покровителство на Министерството за култура на Македонија и Oпштина Битола. Овој натпревар е во соработка со Културно Информативниот центар – Битола.Здружението ПИЈАНО ја промовира класичната музика и вредностите кои таа ги носи сама по себе. Формирано во 2018 година од професионални педагози по пијано како и од група ентузијасти и љубители на класичната музика, ова здружение има за цел да го подигне нивото на музичката култура, културата за слушање на класична музика, како и да имплементира еден нов начин на едукација на младите таленти кои што во иднина ќе ја продолжат музичката традиција, преку интернационални проекти, семинари, работилници, мастеркласи и сл. Здружението Пијано исто така ги стимулира, поттикнува и мотивира младите музички надежи од нашиов град, од државава и пошироко за развој на нивниот талент и интеркултурна размена на искуства и идеи и со таа цел организира активности во текот на целата година.

Приказната ПИЈАНОФЕСТ започнува во 2019та година, со идејата за културно раздвижување, а резултира со успешен настан и учесници не само од нашата земја, туку и од Србија, Италија, Албанија, Ермениа, Косово, Полска, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Малта и други земји. Од година во година интересот за натпреварот е се поголем, и големото “Пијанофест семејство” се повеќе расте.

 

Related Articles