Со интенција секогаш да биде во чекор со современите музички случувања, Здружението на пијанисти и музички пијанисти Пијано од Битола го креираше првиот Виена Гала Фест. Ова е уникатен музички настан дизајниран да ги едуцира и инспирира музичарите од целиот свет, помагајќи им да го откријат својот музички потенцијал. Селектирајќи ги најдобрите млади таленти на сите инструменти и од сите земји ширум светот преку он лајн натпревар, на најдобрите натпреварувачи им се пружа незаменливо искуство да настапат на Фестивалот Виена Гала Фест – Фестивал кој има за цел да ја зајакне музичката култура, да го промовира вреднувањето на класичната музика и да имплементира иновативни образовни методи за младите таленти кои се стремат да ја продолжат својата музичка кариера преку различни инструменти. Овој фестивал обезбедува можности да за поврзување со други посветени млади музичари, да се искусат музичките престолнини во светот и да се настапи на светски познатата престижна меѓународна сцена како што е Ехрбар Салата во Виена. Виена Гала Фест ја поттикнува креативноста и самоизразувањето, нудејќи им на учесниците шанса да допрат до меѓународна публика за време на концертот на победниците токму во оваа прекрасна сала.
На он лајн селекцијата, жири комисијата, составена од еминентни музички педагози од Америка, Русија и Австрија селектираше победници кои што освоија златни медали и на кои што организаторот им испрати покана за настап во Виена, па така на 30 март, во Ехербар Салата ќе настапат 50 млади музички таленти од целиот свет. Изминативе 4 години Здружението Пијано со свечени настани го одбележуваше 30 март кој што е и Меѓународен Ден на Пијаното. Оваа година го крунисува јубилејното петто издание од овој настан со извонредниот концерт на победници во Ехербар Салата во прекрасната Виена, со што настанот Денот на пијаното добива на уште поголема свечаност.