Home » Здравко Стојмиров со награда за Најдобар актер на 21. Издание на Фестивалот на монодрама во Албанија

Здравко Стојмиров со награда за Најдобар актер на 21. Издание на Фестивалот на монодрама во Албанија

by culturalchat

На 21-то издание на Меѓународниот фестивал на монодрама „АЛБА МОНО“ кое оваа година е  се одржуваше од 23. до 30. јуни во Поградец, Албанија, актерот Здравко Стојмиров ја освои наградата за најдобар актер. Имено тој ја изведе претставата Фетишист, по Мишел Турние, а во негова режија, во продукција на Битолскиот театар.Интернационалното жири беше составено од Азура Де Грегорио, Ана Мариани и Клајди Малелари. Останатите награди отидоа кај: за најдобра актерка  беше прогласена Данијела Поповиќ – „Театар 86“ Њујорк – САД, најдобар режисер – Димитрис Карацијас – Vault Theatre Plus, Атина – Грција. ГРАН ПРИ доби претставата „Димитер Оргочка“ – Проект на Палина Дабраволскаја, Белорусија/Полска.Претставата Фетишист има за цел да ни ја претстави извртената реалност на еден живот што бивајќи свртен наопаку, поради тешките услови од војните од минатото, личните неуспешни борби, притисокот од општествените вредности и наметнатата реалност- ни ја прикажува единствената можност за постоење на еден човек, кој иако изгубен во реалноста, одлично живее во својот замислен свет и успева да најде задоволство во живеењето, каде самиот се обидува да ја создаде својата среќа и покрај сите непријатности кои го следат. Ова е апсурдна приказна за еден, не баш обичен човек кој се обидува да се справи со сите предизвици низ неговиот – не така прост и едноставен живот, полн со мрачни нагони и неочекувани задоволства и ни ја прикажува неговата немоќ пред таканаречената судбина, како нешто кое не секој го поседува и потешкотиите во животот на оние кои ја поседуваат. Овој трагикомичен лик кој уште од почеток е осуден на неуспех, не води низ неговата длабока фантазија, за која може да се каже дека би создала еден прекрасен живот, доколку самата судбина не би била замешана во него како една конечна и непроменлива константа во сите можни варијанти на постоење. Музиката за претставата ја направи Пеце Трајковски Брада. Оваа претстава беше изведена на јубилејното 25.  издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола.

 

 

 

 

Related Articles