На 09.11, сабота, од 18 часот во Офицерскиот дом, со наслов ” ЗА МОЈАТА БИТОЛА”, во чест на 80 годишнината од ослободувањето на нашиот прекрасен град БИТОЛА ќе биде изведен концертот на сопранот Билјана Талевска.
„Задоволството ќе биде големо доколку заедно со мене уживате во звуците на нашите големи композитори Прокопиев, Скаловски, и секако големиот Џакомо Пучини,за кој што светот на операта оваа година одбележува 100 години од неговата смрт.Да ја славиме музиката, да живее Битола,и повелете на концерт. Благодарност на мојата драга колешка Билјана Димовска- пред се прекрасен професионалец,пијанист и корепетитор за одличната соработка како и секогаш, и на Општина Битола,за поддршката да се реализира овој концерт“, истакнува Талевска.