По двегодишна пауза поради светската пандемија, оваа година ќе се одржи 8-от по ред “БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ” кој под мотото “THOUGHT IS FREE”, ќе живее 6 дена.
Фестивалот ќе трае од 25.06 до 30.06.2022г., а на сцената на Народниот театар – Битола посетителите ќе имаат уникатна можност да ги погледнат театрите од: Полска, Црна Гора, Албанија, Италија, Бугарија и секако Битолскиот театар, како домаќин на Фестивалот.
Честа да го отворат 8то по ред издание на БШФ им припадна на Драмскиот театар “Александар Вегиерко”, – Бјалисток, Полска со претставата “Макбет” – В. Шекспир во режија на Грегор Суски.
Изведбата на Драмскиот театар Александар Вегиерко во Бјалисток е заснована на класичен текст, барајќи механизми кои ја одредуваат моќта, знаењето и човечкиот живот. Шарени, интересни – понекогаш дури и сурови – женски ликови играат важна улога во постановката на Магбет во Бјалисток. Лејди Макбет и Лејди Макдаф, но и ликовите на Вештерките се подеднакво важни. Тие – користејќи ја амбицијата на Макбет – го тераат да разбере дека во него е она што всушност го нема …
Костимите во претставата се на Ана Чиж, а улогите ги толкуваат:
Макбет – Бернард Банија, Лејди Макбет – Јустина Годлевска-Кручковска, Макдaф – Кшиштоф Лавничак, Росе – Марек Тишкевич, Сејтон – Моника Заборска, Данкан, доктор – Славомир Поплавски, Банко, ѓавол – Пјотр Шековски, Вештерка – Агњешка Можејко-Шековска,
Вештерка – Беата Чичевска, Вештерка – Катарзина Сиергиеј, Вратар, Убиец, Бунтовник, Ѓавол – Гжегож Суски, Ѓавол, гостин на празникот крунисување – Камила Вробел-Малец, Дама – Катарзина Микиевич, Доналбејн, Убиец, Ѓавол – Давид Малек, Малколм, гостин на празникот на крунисувањето – Патрик Олџијевски, Хекате – Кристина Качпрович-Соколовска, Дете – Кацпер Вноровски.
Покрај официјалната програма, годинешното издание на фестивалот содржи и оф програма со промоции на книги и претстави.
Свеченото отворање на Фестивалот е од 20 часот, Народен театар – Битола (главен влез).
Бидете дел од приказната наречена “Шекспир фестивал” во Битолски театар.