Официјално овој месец Јуни започнува летниот театарски караван со детските хитовски претстави на најпосакуваниот театар на децата, а тоа е приватниот театар Хит, чии основачи се познатите актерски имиња и најпопуларниот актерски тандем Сашо Ристовски и Магдалена Ризова – Черних.Од менаџментот најавуваат долго театарско лето за децата ширум земјата со најпопуларните нивни претстави, а и со нови детски премиери.
Овој проект на Театар Хит е поддржан од неколку општини во Македонија, но исто така ќе учествуваат со своите претстави и на неколку летни фестивали, како и на неколку културни лета.Театар Хит по барање на публиката нема да има пауза во летниот период, а театарско актерско дуо Ризова и Ристовски, заедно со младата Ема Давчева неуморно ги подготвуваат и новите премиери за дечињата кои ќе ги гледаат ова лето.