„Сумнал“ – здружението за развој на ромската заедница во партнерство со невладините организации „Лачо Диве“ и “Ромаг “започнаа да го реализираат проектот AE4WOMEN – Образование на возрасни за маргинализирани групи во период од 11 месеци.
Проектот има за цел да го олесни пристапот до образованието за возрасни кај маргинализирани жени и жени жртви на родово базирано насилство. Во активностите предвидени во овој проект преку теми кои се однесуваат на подобрување на зелените вештини, ќе се утврди методологија за пристап и работа со жените како и обука за давателите на услуги -провајдерите на образование на возрасни. Сите активности ќе бидат спроведени на начин кој ќе овозможи користење на дигитални алатки достапни за корисниците и корисничките на овој проект.
Во рамките на проектот се одржа транснационален состанок од 19-21 мај 2023 година во Битола за дефинирање на методологијата за пристап кон маргинализираните жени и жените жртви на семејно насилство како учесници. На состанокот се дискутираше и за размена на добри практики поврзани со методологијата за пристап до маргинализирани жени и жени жртви на семејно насилство, зелени вештини за маргинализираните жени и за утврдување на методологија за проценка на потребите за учење на жените поврзани со тема за користење на водните и енергетските ресурси и процесите на рециклирање дома и на платена и неплатена работа што ја вршат.
Се разговараше и за методологијата за проценка на можностите за користење на дигитални технологии во идниот процес на е-учење дизајниран специјално за маргинализирани жени и жени жртви на семејно насилство и изготвување на содржина за алатката.
Проектот е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамки на програмата Еразмус +, КА 210 – ADU Партнерства од мал обем во полето на образование на возрасни.