Оперскиот првенец Казухоро Котецу ја започна кампањата за ширење на македонските песни и вино низ Јапонија за 2024 година.После осмиот рецитал на кој изведе јапонски, италијански и македонски песни и арија и дует на Моцарт со солистите од операта во Токио, настапи заедно со сопранистката Кунами Акари изведувајќи македонски песни. Настанот беше воедно и промоција на македонското вино.
Казухиро настапи на минатогодинешниот концерт во Битола во рамките на Интерфест, во придружба на Камерниот оркестар од нашиот град. Настапот во Центарот за култура,кој сеуште се прераскажува, беше вистински музички спектакал. Салата беше исполнета до последно место, атмосферата преполна со емоции.
Котецу живее во Токио и настапува во тамошната опера. Но, во исто време, тој е голем вљубеник во македонската музичка традиција. Досега ги има обработено и песните: „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Кога падна на Пирина“ , „Земјо македонска“, „Македонско девојче“, „Ако умрам ил загинам“ и други.
Големиот пријател на Битола, Казухиро Котецу, ни покажува колку цврсти и нерскинливи пријателства се градат преку уметноста и културата. Тој пред 10 години се вљубува во Битола, во македонската музика и оттогаш ја афирмира надалеку, низ целиот свет.