Битолскиот театар изминатите месеци успеа да реализира повеќе премиери на театарски претстави, успеа да ја зголеми посетеноста на изведбите и тоа за 30 проценти повеќе, успеа да го врати театарот на публиката. Последните премиери пред Новата година беа спектаклот за деца “Снежана и седумте џуџиња” и новогодишна претстава “Снежната кралица”.Како што беше ветено за оваа година, да се стави фокус на претстави на македонски автори и режисери, тоа започна да се реализира. Имено 2025 Битолскиот театар ја започнува со праизведба на македонскиот текст “Жиголо” од авторот Игор Кузмановски во режија на Благој Мицевски. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимите на Благој Мицевски а музиката на Марјан Неќак, драматург е Оливера Павловиќ. Во претставата играат Марјан Георгиевски, Соња Михајлова, Марија Стефановска, Маја Андоновска Илиевски и Никола Пројчевски. Претставата ќе биде реализирана од сопствени средства, а премиерата е закажана за 01 март 2025.