Home » Заврши „Македонско културно лето 2024“ во Пустец, Албанија

Заврши „Македонско културно лето 2024“ во Пустец, Албанија

by culturalchat

Во Пустец, Мала Преспа, Албанија заврши 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето 2024″. За „Актер на фестивалот” беше избран Столе Мицов за улогата на Нухин од авторскиот проект „Штетноста на цигарите”.„ Многу успешно издание на фестивалот кој прерасна во една од поголемите вакви манифестации воопшто во Албанија и кој има потенцијал за уште поголем развој. Тоа го потврдува големата посетеност на секој настан и големиот интерес на медиумите од двете држави. За фестивалот известија над 30 медиуми од Македонија и 20 медиуми од Албанија“, изјави за МИА Едмонд Сотир, кој е организатор заедно со  Здруженито на македонците по потекло од Албанија “СОНЦЕ”- Скопје. Фестивалот беше поддржан од македонското Министерство за култура и туризам и општина Пустец. „Со поддршка на Министерството за култура и туризам и на министерот Љутков, со поддршката на Општина Пустец и градоначалникот Колефски, а во иднина се надеваме и на поддршката на министерството за култура на Албанија оптимисти сме дека фестивалот ќе стане препознатлива дестинација за културен туризам и во поширокиот регион“, додава Едмонд. Посочи и дека министерот Зоран Љутков, е првиот македонски министер за култура кој го посетил и присутствувал на отворањето на овој фестивал. Токму Љутков и го прогласи за отворен фестивалот на први јули во Музејот на познатиот албански писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во Глобочени со изложба на скулптури на Синиша Новески. Исто така вечерта беше промовирана книгата „Македонското традиционално пеење во: Мала Преспа, Гора и Голобрдо” на Андријана Јаневска по што следеше и нејзин мал концерт. Во Пустец, седиштето на истоимената општина пред најмладите, нивни родители и други жители беше прикажана претставата „На гости кај Кате и Фреда“ на Бабец Театар, Битола.Во Пустец беше одиграна „Пасивно пушење“, театарска претстава на Театарот “Ацо Шопов” од Штип. Концертот на Симон Трпчески и Македонисимо што требаше да се одржи во театарот” Андон .З.Чајупи” во Корча, се откажа од објективни причини.И од општина Пустец се задоволни од успешно одржаниот фестивал и најавуваат продолжување на поддршката за оваа но и за други вакви и слични настани. Фестивалот, има цел заштита, развој и промоција на македонската култура кај македонскиот народ во Албанија.

Related Articles