На завршната обука во рамките на проектот „Намалување на дигиталната сиромаштија“, учествуваа ученици од “Ѓорѓи Сугарев” – Битола, средните училишта “Јане Сандански” – Битола и “Таки Даскало” – Битола и студентите од факултетот БАС – Битола, заедно со нивните професори.
Учесниците се запознаа со целите на самиот проект, членовите на тимот кој го реализираат проектот, со активностите и резултатите од истиот.
Учесниците имаа обука за тоа како се прави постер во алатката Canva и подоцна натпревар за најдобро изработен постер на тема “Стоп за насилството врз жените”.
Учесниците работеа во тимови, секој тим претставувајќи го своето училиште. На крај беа доделени награди за прво, второ и трето место.
Активноста се реализираше во рамките на солидарниот проект „Намалување на дигиталната сиромаштија“ кој е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата на Европскиот солидарен корпус на Европската Унија.