Home » Завршен настан од проектот „Дигитална инклузија на возрасни Роми: стекнување знаење и вештини за е-Услуги“

Завршен настан од проектот „Дигитална инклузија на возрасни Роми: стекнување знаење и вештини за е-Услуги“

by culturalchat

На ден 28.06.2024 година во организација на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола се одржа завршен настан во рамките на проектот: „Дигитална инклузија на возрасни Роми: стекнување знаење и вештини за е-Услуги“. Настанот имаше за цел да ги промовира препораките, како и сите реализирани активности во рамките на проектот. На завршниот настан, присутните имаа можност да ги слушнат искуствата на учесниците во проектот, како и да се запознаат со успешните приказни за трансформација и подобрување на животот преку дигиталните алатки. Особен акцент беше ставен на важноста од континуирана едукација и поддршка за дигитална инклузија, со цел овозможување на повисок степен на социјална и економска интеграција на ромската заедница.Вредноста на проектот е во тоа што може да биде корисен не само за Ромите, туку и за сите останати заинтересирани страни кои сакаат да ги унапредат своите дигитални вештини и способност за користење на е-услуги. Настанот заврши со дискусија и размена на идеи за идни проекти и иницијативи кои ќе продолжат да ја унапредуваат оваа важна кауза. Проектот ДИРА имплементираше активности кои ги зајакнуваат дигиталните вештини на возрасните Роми и користењето е-услуги. Проектот е финансиран од Европската комисија преку Еразмус + Програмата, во областа на Партнерства за соработка во образованието на возрасни. Координатор на проектот е финската фондација „Деаконес“ и се работи со партнери од Италија, Србија и Македонија.

Related Articles