Home » Ексклузивни фотографии од искачувањето на доктор Кедев на К2

Ексклузивни фотографии од искачувањето на доктор Кедев на К2

by culturalchat

Неодамна познатиот македонски кардиолог и член на Македонската академија на науки и уметности, вљубеник во планините, Сашко Кедев, беше дел од 24-члената експедиција која на 22 јули во Пакистан го искачи вториот највисок врв на светот К2.

Предводени од врвните шерпаси и лидерот Мингма Џи, сите алпинисти успеале во намерата да се искачат на 8.611 метри високиот К2, втор највисок на светот по Монт Еверест (8.848).

Фотографиите се направени за време на искачувањето на двата врвови К2 (8611 м) и Broad Peak Summit (8051) во Пакистан.

Со ова доктор Кедев стана првиот и единствен Македонец, кој има искачено 5 од највисоките врвови во тој регион вклучувајќи го и Монт Еверест.Во април годинава го искачи Даулагири, седмиот највисок врв на светот (8.167), а минатата година Манаслу, висок 8.163 (осми во светот).  Во 2009-та се искачи на врвот на Монт Еверест.

K2 се смета за најопасен планински врв поради своите стрми падини. На 8.611 метри, на планинарот му е достапна само една третина од кислородот што тој би го имал доколку се наоѓа на ниво на морето. Околу деведесетина алипинсти досега ги загубиле своите животи при обидите да го освојат.

Благодарност до доктор Кедев за отстапените фотографии.

Повеќе за искачувањето на К2 од страна на доктор Кедев на линкот:

Сашко Кедев се искачи на најсмртоносниот врв на светот К2

 

 

Related Articles