„Еден е Манаки“ беше движечката сила на годинешната програма на ИФФК „Браќа Манаки“. На почетокот на свечено затворање на 45.издание на феативалот, на присутните им се обрати директорот Симеон Мони Дамевски.
-По изминувањето на сите седум фестивалски денови убеден сум дека сите знаете зошто еден е Манаки. И се надевам дека сега на сите им стана јасно дека на браќата Манаки не им требаат наводници во слоганот зошто суштината е во нивните бесмртни филмски дела и во бесмртните дела на авторите кои како гости ни доаѓаат секоја година на овој фестивал. Еден е Манаки. И една е Битола. И една е Битола која го заслужува овој фестивал. Од оваа година песната „Ако одам во Битола, ќе прошетам по Широк сокак“ доби уште едно убаво значење. Со поставувањето на ѕвездите на добитниците на нашата награда за животно дело, Широк сокак стана и сокак на славните, на филмот, сокак на најдобрите кинематографери, рече Дамевски заблагодарувајќи се на сите кои беа дел од Фестивалот.