Home » Еден златар во Битола во служба на филмската магија

Еден златар во Битола во служба на филмската магија

by culturalchat

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ заврши, но некои приказни остануваат и продолжуваат да ја раскажуваат својата магија. Една од нив е поврзана со статуетките, препознатливиот симбол на фестивалот.
Овие награди, создадени од скулпторот Димитар Филиповски, ја носат својата финална душа токму во Битола. Со 91 година традиција, Златара „Маслинко“ е повеќе од златарница, таа е институција на занаетот, сведок на генерации и чувар на битолската автентичност.„Маслинко“ повеќе од девет децении ја ткае приказната на градот преку прецизност и доверба.
Гравирањето на секоја статуетка е чин на овековечување токму на ова историско место, секоја буква и секој детал се исполнети со мајсторство и љубов кон златарскиот занает. Така, во светот на филмот каде кадарот е вечен, овие награди сведочат дека и ракотворбата на занаетчиите е исто толку безвременска. Битола е град на светлина, филм, но и на вечни вредности.

 

Related Articles