Home » Државното музичко училиште ќе го одбележи Денот на пијаното

Државното музичко училиште ќе го одбележи Денот на пијаното

by culturalchat

Државното музичко училиште ќе го одбележи Денот на пијаното, 28.март,  со неколку концерти: во 10, 11,12 и 13 часот и свечен концерт од 19 часот во НУ Народен Театар Битола. Младите талентирани пијанисти и овојпат ќе ја покажат убавината на овој инструмент.Државното музичко училиште во Битола постои 77 години, а пијано класата брои 21 наставник. Стотици врвни пијанисти поминале низ клупите на ова училиште. Од ова училиште потекнуваат бројни звучни имиња во светот на музиката.

Денот на пијаното се одржува на 88-от ден во годината ( пијаното има 88-те клавиши). Празникот е изум на германскиот музичар и композитор Нилс Фрам, кој е познат по комбинирањето на класичното пијано со електронската музика, а го воспоставува 2015 година.

 

 

Related Articles