Home » Државното Музичко училиште во Битола со нова насока: Традициски играч и пејач

Државното Музичко училиште во Битола со нова насока: Традициски играч и пејач

by culturalchat

Во Државното Музичко училиште во Битола се отвора нова насока: Традициски играч и пејач.
„Голема благодарност до директорката на училиштето Марија Шамоска Буџаковски , која ја препозна и прифати иницијативата, исто така благодарност и до Општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски кој даде безрезервна поддршка и ја потпомогна постапката и секако Министерство за образование и наука и министерката Весна Јаневска која ja прифати иницијативата и во најбрз рок го спроведе барањето“, истакнува Љупка Стефановска, магистер по етнокореологија, која ќе држи часови.
Отворањето на оваа Насока не е важен момент само за Музичкото училиште и Битола, таа е клучна алка во проучување, а со тоа одржување, чување и пренесување на нашата традиција и култура на помладите генерации преку образовен процес.
„ Драги полуматуранти, Вие кои сакате да ја проучувате традицијата, преку традиционалните ора, песни, инструменти, преку обредите и народните носи, Ве очекуваме на првиот уписен рок во насоката Традициски играч и пејач“, истакнуваат од Државното Музичко Училиште во Битола.

Related Articles