Home » Донирани средствата од продажбата на книгата „Мисловни патеки“ на Нешат Аземовски

Донирани средствата од продажбата на книгата „Мисловни патеки“ на Нешат Аземовски

by culturalchat

Сумнал, заедно со Ротари и Ротаракт клубовите Битола Широк Сокак, собраните средства од продажбата на книгата ,,Мисловни Патеки” од Нешат Аземовски кој остави трага во писмена форма, неговите мудри мисли и животни поуки кој истиот ги преточи во лист хартија, ги донираше во вид на училишен прибор за првачињата во основното училиште ,,Ѓорѓи Сугарев”.

Издавач на книгата е Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ од  Битола.  Уредници на книгата  се м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски, м -р Зоран Јанакиевски, Илче Стојановски и Милка Котевска.

Благодарение на семејството на Нешат Аземовски оваа книга има можност да стигне до читателите. Книгата е започната да се пишува пред 15 години, но никогаш не стигнала да биде објавена. Семејството верува во универзумот и дека не случајно ја пронајдоа книгата која беше промовирана на 50-ти роденден на Нешат. Книгата содржи голем број на кратки раскази и поетски творби кои се испреплетени со доза на филозофско размислување за секоја скриена мисла и замисла што му се преплетувале низ мислите сите тие години додека ја пишувал оваа книга, впрочем како и самиот живот.

Нешат Аземовски е човек кој ќе биде запаметен по многу нешта, а оваа книга е само уште еден дел, камче од тој мозаик кој ќе остави траен белег за едно постоење и битисување на една посебна и талентирана личност, во Битола, град кој Нешат сакаше да го направи поубаво место за живеење, не само за своето семејство, туку и за своите битолчани и сите луѓе на светот.

 

Related Articles