Home » „Домаќинство за почетници“ со две Арени на филмскиот фестивал во Пула

„Домаќинство за почетници“ со две Арени на филмскиот фестивал во Пула

by culturalchat

Филмот „Домаќинство за почетници” по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција, освои две златни арени на филмскиот фестивал во Пула, кој се одржуваше од 11. до 18. јули,  со прикажување на победничките филмови. Македонскиот филм „ беше дел од натпреварувачката програмата за малцински копродукции и ја освои златната арена за најдобра хрватска малцинска ко-продукција.„Тематски релевантен и современ филм кој вешто и богато ги користи сите аспекти на филмскиот јазик од актерскиот ансамбл, монтажата, режијата, звукот, музиката до камерата, костимите и сценариото. Исклучително трогателно и непредвидливо, „Домаќинство за почетници“ постигнува неверојатна живост бидејќи ги става луѓето на прво место, а не она што ги дефинира“, се вели во соопштението на жирито.

Хрватскиот актер Владимир Тинтор од овој филм, доби златна Арена за најдобра споредна машка улога за своето остварување во филмот.„Со исклучителна изведба, балансирајќи помеѓу непристапноста и топлината, Владимир Тинтор ја постигнува непредвидливоста на ликот и на тој начин ја држи публиката во постојана неизвесност“, соопшти жири комисијата.

„Домаќинство за почетници” е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, а меѓу останатите финансиери е и Хрватскиот аудиовизуелен центар, чија поддршка е реализирана преку хрватски ко-продуцент Кинорама од Загреб. Златните арени се деветта и десетта награда за награда за Домаќинство, кој досега е прикажан на повеќе од 70 фестивали ширум светот, а е дистрибуриан во кината во Америка, Австралија, Холандија, Хрватска, Полска и Македонија. Светската премиера на “Домаќинство за почетници” се одржа во 2023 на филмскиот фестивал во Венеција, а македонската премиера беше на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмската камера, „Браќа Манаки“. Филмот беше избран за македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ за 2023 година, а беше дел и од селекцијата за Европските филмски награди, каде доби една номинација. Дистрибутер на филмот на територија на САД е Focus Features, Universal Pictures е интернационален дистрибутер за останатите територии, а продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа.

Related Articles