По повод 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, Организацијата на жени на Општина Битола – Битола и НУУБ ,,Св.Климент Охридски,, – Битола распишаа традиционален литературен конкурс за краток расказ. Оваа година по 10-ти пат. Конкурсот беше отворен од 25 Јануари до 25 Февруари, а годинешната тема беше Чест.
Главната манифестација се одржа на 3-ти март, кога беа доделени наградите.Расказите ги оценуваше реномирана жири комисија која одлучи наградите да одат кај: Категорија возрасни:Лупче Данилоски, с.Другово Кичево, Снежана Паноска и Весна Шереметкоска од Прилеп. Во категоријата ученици наградени беа: Анастасија Малеска од Струга, Ангела Ангелеска и Фунда Демир од Битола.
Паричните награди ги додели СН финансии. Гости беа учениците од ООУ Ѓорѓи Сугарев – центар за поддршка во учењето на децата со попреченост и други изненадувања.
„Благодарност до НУУБ ,,Св.Климент Охридски” Битола за континуираната соработка.Благодарност до сите кои во текот на десетгодишната работа ни ја дале својата поддршка, како финансиска така и логистичка.Годинава благодарност до SN финансии за финансиската поддршка, центарот за поддршка во учењето на децата со попреченост при ООУ ,,Ѓорѓи Сугарев” Битола за преубавите честитки кои ги изработија специјално за нас, со што ни го честитаа денот на жената, Кети Радевска која со нејзините цртежи ги израдува истите деца. Благодарност до ДОО ,,Златна кошута”“, напишаа од Организацијата на жени.
Манифестацијата дополнително ја збогати Лука Ристановски кој ги почести присутните со неговата песна ,,Сите сме исти”.