Во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, свечено беа доделени наградите од традиционалниот конкурс за краток расказ, организиран по повод Осми март – Меѓународниот ден на жената.Конкурсот беше распишан од Организацијата на жени на Општина Битола и НУУБ „Св. Климент Охридски“, а оваа година темата беше: „Семејното наследство – женски товар на традицијата“. Расказите ги оценуваше тричлена комисија во состав: Светлана Папачек, Гордана Ѓорѓиевска-Неделковски, Маргарита Кочанковска-Папачек. Наградени раскази: Категорија – Ученици: Прво место: „Семејното наследство – женски товар на традицијата“ – Миа Димевска (Битола).
Категорија – Возрасни: Трето место (две награди): „Семејното наследство – женски товар на традицијата“ – Снежана Паноска (Прилеп) „Нов живот“ – Маја Богоевска (Битола), Второ место (две награди): „Тапетите со цветови“ – Белинда Сипкоска Гаштарова (Битола) , „Семејното наследство – женски товар на традицијата“ – Лупче Даниловски (с. Другово, Кичево), Прво место: „Кога се раѓа женско и старите плачат“ – Јован Ѓуровски (Битола) .
Фотографии Ивана Христова