Home » Директорката на македонскиот КИЦ во Загреб на работна средба во хрватското Собрание

Директорката на македонскиот КИЦ во Загреб на работна средба во хрватското Собрание

by culturalchat

На покана на пратеникот Армин Хоџиќ, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска заедно со претставници на македонското национално малцинство на локално и државно ниво и наставнички по македонски јазик присуствуваше на работна средба во хрватското Собрание.Директорката на македонскиот КИЦ ја истакна исклучително одличната соработка на полето на културата, особено во контекст на промоцијата и афирмацијата на македонските и хрватските културни вредности . Таа нагласи дека културната дипломатија претставува значаен мост на поврзување меѓу двете пријателски земји, придонесувајќи за продлабочување на меѓусебната доверба, разбирање и почитување. Воедно беше потенцирано дека одличните билатерални односи меѓу двете земји се темелат на континуирана институционална поддршка, активна соработка во областа на културата, образованието и заштитата на правата на малцинствата, како и на заедничката заложба за унапредување на европските вредности. Средбата претставува уште еден чекор кон зацврстување на партнерството и понатамошно интензивирање на културната и општествената соработка меѓу двете држави.

Related Articles