Актерот Димитрија Доксевски на денешното свечено Собрание на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) е избран за нов директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
“Според статутот на ДФРМ, мандатот на Димитрија Доксевски важи за следните две изданија на фестивалот. Димитрија Доксевски ја презентираше предлог програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера”, соопшти ДФРМ.
Доксевски е македонски филмски и театарски актер, сценарист и продуцент, роден на 28 јули 1983 година во Скопје. Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 2006 година во класата на проф. Кирил Ристоски, а во 2014 година магистрирал режија на истиот факултет во класата на проф. Слободан Унковски. Својата професионална кариера ја започнал во Македонскиот народен театар во 2006 се до 2011. Продолжил кратко да работи во Кумановскиот театар во прериодот од 2011 до 2013, по што во 2014 година се приклучил на ансамблот на Драмски театар Скопје и се до денес е активен член на тој театар. Покрај настапите на матичната сцена, Доксевски има учествувано и во претстави на други театарски сцени низ Македонија, како и во филмски и телевизиски проекти во и надвор од Македонија. Учествувал во организирање и продуцирање повеќе театарски претстави, организирање на повеќе од 20 музички настани со артисти од целиот свет, продуцирање и организација на 2 големи музички (open air) фестивали со повеќе од 20 интернационални изведувачи, продуцирање и реализација на кратки филмови, играни видеа за деца и театарски претстави.
Избор на проекти:
ТЕАТАР:
• 2025 – Претстава, “Ифигенија за ништо”, Агамемнон, Драмски театар – Скопје,
Филип Петковски
• 2024 – Претстава „Парови“ – Ана Трпеноска, Бизнисмен, Драмски театар –
Скопје, Ивана Ангеловска
• 2022 – Претстава „Кафез кај кокони“ – Жан Поаре, Мерцедес, Драмски театар –
Скопје, Димче Николоски
• 2020 – Претстава „Диши“ – Данкан Мекмилан, Тој, Драмски театар – Скопје,
Димче Николоски
2020 – Претстава „Хипноза за една љубов“ –Душан Ковачевиќ, Вонземјанинот,
Драмски театар – Скопје, Димче Николоски
• 2019 – Претстава „Пантаглез“, Мишел де Галдерод, Бамбула, Драмски театар –
Скопје, Владимир Милчин
• 2018 – Претстава „Фестен“ – Дејвид Елдриџ, Хелмут, Драмски театар – Скопје,
Зоја Бузалковска
• 2017 – Претстава „Франкенштајн“ – Мери Шели, Драмски театар – Скопје,
Лилија Абaџиева
• 2017 – Претстава „Вера, надеж и љубов“ – Одон фон Хорват, Дисектор, Драмски
театар – Скопје, Лука Кортина
• 2017 – Претстава „Кристофер Колумбо“ – Мирослав Крлежа, Адмирал, Драмски
театар – Скопје, Љубиша Георгиевски
• 2016 – Претстава „Буре барут“ – Дејан Дуковски, Кирил, Драмски театар –
Скопје, Сашо Миленковски
• 2016 – Претстава „Снежана и седумте џуџиња“ – Принцот, Драмски театар –
Скопје, Димче Николоски, Александра Бошковска
• 2015 – Претстава „Библијата“ – Срѓан Јанакијевиќ, Адам, Драмски театар –
Скопје, Срѓан Јанакијевиќ
• 2015 – Претстава „Безљубни“ – Благица Секуловска, Вистинскиот, Драмски
театар – Скопје, Златко Славенски
• 2014 – Претстава „Човекот што го изеде светот“ – Нис-Моме Штокман, Улф,
Драмски театар – Скопје, Билјана Радиноска
• 2014 – Претстава „Џон Пиплфокс“ – Душан Радовиќ, Арчибалд, Драмски театар
– Скопје, Коле Ангеловски
• 2014 – Претстава „Ждрело“ – Жанина Мирчевска, Тине, Драмски театар – Скопје,
Зоја Бузалковска
• 2013 – Претстава „Нажалена фамилија“ – Бранислав Нушиќ, Миќа, Театар
Куманово
• 2013 – Претстава „Духот на слободата“ – Горан Стефановски, Маноил, Театар
Куманово, Лука Кортинa
• 2012 – Претстава „Околиска болница“ – Христо Бојчев, Полковник Контузов,
Театар Куманово, Јане Спасик
• 2011 – Претстава „Црвенкапа и Пинокио“ – Драгана Лукaн, Волк, Театар
Куманово, Нина Николик
• 2011 – Претстава „АХАсфер“ – Василиј Сигарев, Едик, Театар Куманово, Ненад
Витанoв
• 2010 – Претстава „Не се клади на енглези“ – Владимир Џурџевиќ, Паун, Театар
Куманово, Кирил Петрески
• 2010 – Претстава „Печалбари“ – Антон Панoв, Зафир, Театар Куманово, Дејан
Пројковски
• 2009 – Претстава „Дона Жуана“ – Молиер, Дон Елвиро, Градски театар – Скопје,
Патрик Вершурерн (Франција)
• 2009 – Претстава „Подземни соништа“ – Благојче Божиновски, Театар Куманово,
• 2009 – Претстава „Р“ – Јордан Плевнеш, Монах, Градски театар – Скопје, Дејан
Пројковски
• 2008 – Претстава „Сите лица на Петре М. Андреевски“ – Јелена Цветановска,
Драмски театар – Скопје, Владица Цветановски
• 2008 – Претстава „Фигаро се разведува“ – Одон фон Хорват, Македонски
народен театар – МНТ, Куштрим Бектеши
• 2007 – Претстава „Големи очекувања“ – Ана Ристовска, Македонски народен
театар – МНТ, Јован Ристовски
• 2007 – Претстава „Соларис“ – Артур Кларк/Златко Славенски, Македонски
народен театар – МНТ, Златко Славенски
• 2006 – Претстава „Делириум за двајца“ – Ежен Јонеско, Македонски народен
театар – МНТ, Дејан Пројковски
• 2006 – Претстава „Флинк и Флидербуш“ – Драмски театар / Факултет за драмски
уметности (ФДУ), Вероника Ригнал (Австрија)
• 2006 – Претстава „Ништо без Трифолио“ – Русомир Богдановски, Кантарион,
ФДУ/Македонски народен театар – МНТ, Студентска продукција за Финална
година
• 2005 – Претстава „Безимениот“ (современа адаптација на Софоклеовата
Електра), Орест, Македонски народен театар- МНТ, Елени Боза (Грција)
• 2005 – Претстава „Орестија“ – Ајсхил, Аполо, ФДУ, Студентска продукција за
Трета година
• 2005 – Претстава „Макбет“ и „Ричард III“ – Шекспир, Макбет и Ричард III
соодветно, ФДУ, Студентска продукција за Трета година
• 2004 – Претстава „Вујко Вања“ – Чехов, Астров, ФДУ, Студентска продукција за
Втора година
• 2004 – Претстава „Македонска крвава свадба“ – Спасе, ФДУ, Никола Ристов
• 2004 – Претстава „Калигула“ – Албер Ками, ФДУ, Оливер Мицевски
• 2003 – Претстава „Калигула“ – Албер Ками, Мереа, ФДУ, Никола Ристов
Филмови:
• 2023 – Тв-серија „Преспав“, Ниче, ОХО продукција, Игор Иванов Изи
• 2022 – Краток филм „Кутии“, Полицаец, Дрим Фактори Македонија, Ангела
Димеска
• 2020 – Игран филм „ТМ“, Диме, Ми Филм, Ивица Димитријевик & Мартин
Иванов
• 2020 – Тв-серија „Зоки Поки“, Музејски едукатор, Кино Око, Александар
Поповски
• 2019 – Тв-серија „Фамилијата Марковски“, Патник, Даријан Пејовски
• 2019 – Краток филм „Sjcker“, Полицаец, Cinema Futura, Георги М. Унковски
• 2017 – Краток филм „48“, Свештеник, Dream Factory Macedonia, Владимир
Митревски Ѓуле
• 2016 – Краток филм „Случајот“, Siz & Klin producjon, Ивица Димитријевик
• 2015 – Краток филм „Карма“, Круг филм продукција, Владимир Митревски –
Ѓуле
• 2015 – Игран филм „Медена ноќ“, Кавал филм продукција, Иво Трајков
• 2014 – Краток филм „Шекспирова 9/1“, Македонски филмски фонд, Владимир
Митревски – Ѓуле
• 2014 – Краток филм „Враќање“, Македонски филмски фонд, Дина Дума
• 2014 – Игран филм „До балчак“, Триангл филм, Сектор филм, Столе Попов
• 2014 – Краток филм „Параболик“, Македонски филмски фонд, Мартин Иванов
• 2012 – Игран филм „Трето полувреме“, Кино Око, Дарко Митревски
• 2013 – Игран филм „Балканот не е мртов“, Кино Око, Александар Поповски
• 2011 – Документарен филм „Земја“, Алек Русјаков
• 2011 – Документарен филм „Луѓе без земја “, Марко Ѓоковиќ
• 2009 – Краток филм „1955“, Фисник Зеќири
• 2009 – Игран филм „Human Zoo“, Ри Расмусен
• 2008 – Краток филм „Different“, Алек Русјаков
• 2006 – Игран филм, „Превртено“ („Upside Down“), Сектор Филм Продукција,
Игор Иванов Изи
• 2006 – Игран филм, „9 пораки“, ФДУ, Дарко Белев
• 2006 – Игран филм, „Боли ли“ (првиот Догме филм на Балканот), Анета
Лешниковска
• 2005 – Игран филм, „Караула“, Сектор Филм Продукција, Рајко Грлиќ
• 2004 – Краток филм, „План Б“, ФДА, Иван Ѓорѓиевски
• 2003 – Краток филм, „15 секунди“, ФДУ, Дарјан Пејовски
ТВ:
• Синхронизација краткометражни и долгометражни играни анимирани филмови
• ТВ и радио реклами
• Учество во неколку ТВ серии
Фестивали:
• 2013 – Учествувал на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, Македонија со
претставата „Духот на слободата“
• 2012 – Учествувал на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, Македонија со
претставата „Околиска болница“
• 2010 – Учествувал на „Браќа Манаки“ во Битола, Македонија (работел со
кастинг-директорката Беатрис Кругер)
• 2010 – Учествувал на „Sarajevo Talent Campus & Sarajevo Film Festival“ во
Сараево, Босна и Херцеговина (работел со кастинг-директорката Ненси Бишоп)
• 2010 – Учествувал на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, Македонија со
претставата „Не играј на Англичани“
• 2009 – Учествувал на „Sarajevo Winter“ во Сараево, Босна и Херцеговина со
претставата „Сите лица на Петре М. Андреевски“
• 2007 – Учествувал на „Славија Фест“ во Белград, Србија со претставата
„Делириум за двајца“
• 2006 – Учествувал на „Олива 06“ во Тел Авив, Израел
• 2006 – Учествувал на „Славија Фест“ во Белград, Србија со претставата
„Безимениот“
• 2006 – Учествувал на „Васил Шишков“ во Струмица, Македонија со
претставата „Безимениот“
• 2005 – Учествувал на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, Македонија со
претставата „Орестија“