На 72.Фестивал на професионални театри во Војводина, Србија наградата за најдобра музика за претстава ја доби Димитар Андоновски за претставата ,,Дон Жуан” на Молиер, а во режија на Андреј Цветановски.
„Оваа награда ми значи многу, затоа што е интернационална и ми дава мотив за уште поуспешни проекти во иднина“ ни изјави Димитар.
Претставата е во продукција на Народен театар „Стерија“ од Вршац, а со која премиера театарот го одбележа и својот 78 ми роденден. Селекторка на годинешното издание на фестивалот во Војводина беше театарската критичарка Александра Гловацки.
Во рамките на овогодинешниот фестивал: беа одиграни 10 претстави, се натпреваруваа седум војводински театри, беа одржани 9 фестивалски подкасти, беа дистрибуирани 200 печатени примероци од фестивалскиот весник и преземени се 300 примероци на интернет. Салата на театарот „Тоша Јовановиќ“ беше преполна сите осум фестивалски денови.
Жирито на 72. професионален театарски фестивал Војводина, беше составено од режисерката Анѓелка Николиќ (претседател), драматургот Светислав Јованов и режисерот Патрик Лазиќ, па така во периодот од 18 до 25 април имаа можност да погледнат 10 претстави во изведба на седум театри од Војводина.
Претставата „Дон Жуан“ доаѓа на сцената на Народниот театар „Стерија“ преку интерпретацијата на македонскиот режисер Андреј Цветановски, во чиј опус доминира класичната светска драматургија, како и делата на македонските автори, со режисерска естетика која е визуелна и со намерата да се создаде ново читање на класичната приказна. „Дон Жуан“ е приказна која е инспирација за многу светски уметници и основа за многу светски дела. Големиот заводник и неговите авантури низ делата на Молиер станаа светска класика која сите ги интересира на различен начин. Во оваа интерпретација на исконското дело, режисерот се движеше по линијата на човечката страна на Дон Жуан, барајќи го потеклото на неговата природа.
Улогата на Дон Жуан му беше доверена на младиот актер Милош Ѓуровиќ, а останатите ликови ги играат: Милош Лазиќ, Јована Божиќ Вања Радошевиќ, Марија Пантин/Јована Андрејевиќ-Грујиќ. Предраг Грујиќ, Срѓан Радивојевиќ , Иван Ѓорѓевиќ . Цветановски, беше следен во режисерската идеја од сценографот Сергеј Светозарев, Софија Лучиќ е костимограф, а дизајнот на светлото е на Радомир Стаменковиќ.
Останатите награди на фестивалот во Војводина отидоа кај: Наградата за најдобра претстава во целина е доделена на претставата „Што спиеш на под“ по текст на Дарко Цвијетиќ, во режија на Кокан Младеновиќ, Српски народен театар (Нови Сад), Драмски театар „Гавела“ ( Загреб), Народен театар Сараево и МЕСС (Сараево).
Наградата за најдобра претстава за деца во целина ја доби претставата „Не оди далеку“ по текст и режија на Тамара Кучиновиќ, Детски театар Суботица.
Наградата за најдобар режисер му беше доделена на Кокан Младеновиќ за режија на претставата „Што спиеш на подот“, за најдобар актер е прогласен Аљоша Ѓидиќ за улогата на Хендрик Хефген во претставата „Мефисто“, најдобра актерка, Маја Изетбеговиќ за улогата на сенка во претставата „Што спиеш на подот“, наградата за најдобра епизодна улога е доделена на Јулија Петковиќ, најдобра изведба во претстава за деца-Викторија Палфи, наградата за најдобра сценографија и беше доделена на Маријела Хашимбеговиќ, наградата за најдобар костим отиде кај Марина Сремац, наградата „Тихомир Мачковиќ“ за најдобра креација на кукли и е доделена на Ирина Сомборац.
Специјални награди добија: Ана Терек, Тибор Ковач и Армин Риц.Спомен наградата „Ивана Мирков Влачиќ“ за најдобра ликовна обработка е доделена на Ирина Сомборац за претставата „Големата девојка“.Наградата за млад актер, која ја доделува Сојузот на драмски уметници на Војводина, му беше доделена на Дарко Радојевиќ.
Фестивалот во Војводина заедно со „Стеријно позорје“, се двата најголеми и најзначајни фестивали во регионот.