По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, најмалите деца од градинката Level Up го посетија Домот „Софија“, приватната установа за социјална заштита на стари лица и на сите кориснички им подарија рачно изработени букет цвеќиња.
„Не постои подобра глетка од онаа каде најмладите со насмевка и леснотија го разубавуваат денот на најстарите. Општествена одговорност е да се грижиме за постарите лица, па затоа Level, Up Ви благодариме од срце“, истакнаа од Домот Софија.
Од друга страна од градинката Level Up напишаа:
„Денешниот ден по повод празникот на жената го посветивме на сите наши баби. Стопливме многу срца,насмевки на лицата и безброј прегратки.Малите нешта некогаш можат да бидат многу големи. Голема благодарност до целиот тим на прекрасниот пречек во Приватна установа за социјална заштита на стари лица ДОМ Софија Битола“.