Home » Детска насмевка за овој свет, хуманитарен настан во Крушево

Детска насмевка за овој свет, хуманитарен настан во Крушево

by culturalchat

Под наслов “Детска Насмевка за овој Свет”, денес во амфитеатарот во спомен куќата на Тоше Проески во Крушево, ќе се одржи хуманитарен настан во чест на животот и делото на Проески. Ова е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е оддржан неговиот прв концерт на градски стадион кој сега е именуван по неговото име. За интерпретација на безвременските хитови на Тоше, задолжени се нашите звезди Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска, поддржани со музичките групи Инвиктус и Мелем.

Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња во Македонија. Хуманитарниот концерт е во организација на “Play Without Boundaries” во соработка со спомен куќата на Тоше Проески. Play Without Boundaries – PWB (Игра Без Граници) е хуманитарна непрофитна организација која е регистрирана во Австралија во 2015 година во чест на Тоше Проески. Од нејзиното постоење,PWB има организирано повеќе хуманитарни музички настани во Австралија, а ова е првиот од низата хуманитарни концерти кои се планираат во Македонија.

„Ве покануваме и очекуваме да ни се придружите на оваа незаборавна ноќ, славејќи и уживајќи во духот и музиката на Тоше и неговата љубов кон децата. Повторно заедно да го доживееме “Ѕвезденото Небо” на Тоше“, истакнува Денис Илиоски- AKA Agency.

 

 

Related Articles