Во рамките на драмската програма на Охридско лето, вечер со почеток од 21 часот, на Долни Сарај, ќе гостува српскиот актер Никола Ѓуричко со шоуто „Шоу биз“, кое како претходниот стенд-ап го пишува сам.Овој перформанс доаѓа по скоро три години отсуство од сцената, како негова потреба повторно да биде со луѓе и пред публика. „Шоу биз“ на хумористичен начин раскажува интересни детали од живот на актерот и како што самиот вели станува збор за „некои нови животни искуства и знаења што сака да ги сподели со луѓето“.