Home » Денес на „На кино па Олабај“: Промоција на фотомонографијата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“

Денес на „На кино па Олабај“: Промоција на фотомонографијата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“

by culturalchat

„На кино па Олабај“ продолжува со промоција на книга, фотомонографијата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ. Промоторка на истата ќе биде Наде Геневска-Брачиќ, етнолог и кустос-советник во НУ Завод и музеј – Битола, воедно и авторка на едниот предговор во книгата.

Модераторка на настанот ќе биде уредничката Бисера Бендевска. Книгата ги сублимира сознанијата и знаењата здобиени од стручната наобразба на авторката во областа на костимографијата и на модниот дизајн, но и од работните искуства, пред сè како филмски и музејски костимограф. Повикувајќи се на големите студии на проф. д-р Ѓорѓи Здравев за македонските народни носии, на д-р Воислав С. Радовановиќ, кој се фокусирал на раскошноста на мариовската носија и на неколкумина други македонски стручни лица, етнолози, и потпирајќи се на својот вроден раскажувачки талент, Тодорова-Младеновиќ создаде читлив и рецептивен текст интересен за стручната јавност, но и за секој љубопитник што го интересира развојот на облеката во Македонија од првите фотографски записи, па до денес. Книгата е збогатена со многубројни фотографии од приватната архива на авторката и од други извори, педантно забележани во книгата .

Олабај е битолски бренд чиј фокус и оваа година е поврзување на локалната заедница и независната културна сцена со меѓународните културни настани и фестивали.

 

Related Articles