Денес со почеток од 18 часот во Офицерски дом – Битола, ќе биде промовирана книгата „Нешадизми“ од Нешат Аземовски, збирка афоризми, мисли, животни мудрости и духовити согледувања на реалноста, во кои хуморот, иронијата и длабоката човечка рефлексија се испреплетуваат во уникатен авторски израз.
„Нешадизми“ не се само книга, туку начин на размислување – мозаик од мисли што нè поттикнуваат да се насмееме, да се преиспитаме и да пронајдеме поука во секојдневието.
Книгата ќе се продава на настанот, а целиот износ од продажбата ќе биде наменет за хуманитарни цели. Со Вашето присуство и поддршка, даруваме двојно – култура и хуманост.
Издавач на книгата е НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, приредувач и уредник: м-р Фатма Бајрам Аземовска, уредник: м-р Гордана Ѓорѓиевска Неделковски.
Денес во Битола: промоција на книгата „Нешадизми“
previous post

