Home » Денес во Битола: Концерт во чест на Михајло Николовски – Ѓумар

Денес во Битола: Концерт во чест на Михајло Николовски – Ѓумар

by culturalchat

Денес со почеток од 19:00 часот, во Културно информативниот центар Битола, Државното музичко училиште ќе одржи концерт посветен на реномираниот педагог, композитор и музички визионер Михајло Николовски – Ѓумар. Минатата година се одбележаа 90 години од неговото раѓање и 30 години од неговата смрт, а со овој концерт се слави неговото огромно музичко наследство. Оваа година, истовремено, Државното музичко училиште прославува 78 години од постоењето, училиште кое започна со работа на 17 февруари 1947 година. Михајло Николовски – Ѓумар бил иницијатор за формирање на средното музичко училиште. Денес, на овој ден се одбележуваат 78 години Државно музичко училиште – Битола и гордо се чекори по патот кој што го трасирале музичарите и значајни дејци на своето време.

Related Articles