Home » Делата на Масин од колекцијата на Филевски презентирани во Битола

Делата на Масин од колекцијата на Филевски презентирани во Битола

by culturalchat

Во Културно информативниот центар – Битола беше презентирана изложбата “Колку прекрасно!“ на Мирослав Масин, од колекцијата на фамилијата Филевски. Истата беше во соработка со Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“.

На отворањето на изложбата на присутните им се одбрати директорторката на КИЦ Битола, Лили Бошевска, која истакна дека посебно и и е мило што оваа установа првата соработка ја воспостави со ликовната колонија “Де Ниро“ и дека посебно се радува, а тоа е и на радост на сите љубители на уметноста во Битола, дека приватната колекција на семејството Филевски е изложена во Офицерскиот дом.

Изложбата ја отвори Мишко Барзов.

„Ние тројцата, јас, Миро и Драган се дружиме одамна, искрено и пријателски, а ова што го видовте во краткиот филм е само уште една уметничка слобода. Сите тројца сме љубители на храна, големи љубители на животот, а не спои Мирослав Масин, во искрено пријателство кое трае дваесеттина години. Јас сум многу среќен што вечерва сум тука со вас, бидејќи семејството Филевски се големи колекционери на ликовна уметност и се осмелија конечно да покажат дел од својата богата колекција. Многу му благодарам на Филевски, на Драги и Силвана, на Марио и Матео, бидејќи ги споделија овие 25 прекрасни дела на маестрото Масин за кој не треба многу да се зборува, бидејќи делата сами зборуваат“, истакна Барзов.

Мирослав Масин, рече дека секогаш убаво се чувствува кога доаѓа во Битола.

„Ви благодарам драги битолчанки и битолчани, јас сум голем фан на Битола, а дури можам и да зборувам битолски. Тука имам служено и војска“.

Драги Филевски во име на семејството им се заблагодари на сите присутни. Покрај изложбата присутните уживаа во музиката на “Пијан славеј“. 

По повод оваа изложба актерот Марјан Ѓоргиевски, направи краток филм од 20 тина минути, во кој на оригинален начин е претставено пријателството на Миро и Драган.

Мирослав Масин уметничката кариера ја започнува под влијание на експресионизмот на Петар Мазев, а под менторство на Димитар Кондовски, Родољуб Анастасов и Душан Перчинков, за кои иако различни во пристапот, вели дека биле одлична комбинација и рамнотежа на ред, конзистентност, слобода и ерудитство.

 

Related Articles