Home » Две изведби на „Хамлет“ на Прилепскиот театар во Гавела во Загреб

Две изведби на „Хамлет“ на Прилепскиот театар во Гавела во Загреб

by culturalchat

Театарот „Војдан Чернодрински“ при НУЦК „Марко Цепенков“ од Прилеп со претставата „Хамлет“, во режија на Бранко Брезовец, гостуваше во Загреб, во театарот „Гавела“, каде што изведе две претстави. Гостувањето беше во рамките на манифестацијата „Еуријал 2024“, која се одржува во два дела. Во есенскиот дел отворањето беше со претставата на Прилепскиот театар, која отвора радикално ново читање на Шекспировото ремек-дело „Хамлет“.„Хамлет“ е работена според трагедијата на Вилијам Шекспир, со користење на драмите „Во малиот дворец“ на Станислав Игнациј Виткиевич и „Чест“ на Васил Иљоски. За костимите е задолжена Сузана Брезовец. Во претставата играат Зоран Иваноски, Димитар Ѓорѓиевски, Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Марија Спиркоска Илијеска, Игор Трпчески, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Виолета Чакарова, Наташа Ачански и Ана Митоска.Публиката имаше можност во ова читање на Хамлет да ги проследи нагласениот конфликт во и меѓу ликовите, стремежот за моќ и желбата за одмазда. И овој Хамлет е заплеткан во измами, манипулации и лудило. Меѓутоа, мотивите од „Чест“ на В. Иљоски и „Во малиот дворец“ на С. Виткиевич внесуваат уште позасилена атмосфера на сновидение и сосема неочекуван развој на комплексни односи и настани.
Театарот „Војдан Чернодрински“ неколкупати досега има гостувано во Загреб (со претставите „Антица“ и „Глембаеви, уште една легенда“) во рамките на фестивалот „Еуроказ“.

 

 

 

 

Related Articles