Home » Давор Неќак македонски претставник на Лајонс музичкиот натпревар Томас Кути

Давор Неќак македонски претставник на Лајонс музичкиот натпревар Томас Кути

by culturalchat

Во рамките на Лајонс форумот што се оддржува секоја година во различна земја во Европа се организира Лајонс музички натпревар Томас Кути. Наменет е за млади музички таленти до 25 години и секоја година музичарите се натпреваруваат во една дисциплина.Секој дистрикт има право да предложи еден кандидат.

Оваа година Лајонс дистриктот 132 од Македонија го предложи младиот и талентиран Давор Неќак како претставник на овој натпревар.

„Голема е честа и задоволството да се претставува Македонија на 30-тиот натпревар за млади оперни солисти “Thomas Kuti”“, ни изјави Давор и додаде: „ Номинацијата дојде сосема неочекувано, прифатив без размислување. Чест е да се претставува Македонија на вака голем натпревар, и затоа сум благодарен на тимот на Lionsi.  Секој натпревар е едно поле каде се тестира и анализира напредокот, нивото на индивидуалниот квалитет, се отвараат нови познанства со музички агенти, диригенти, прилики“.

Од Лајонс Дистриктот 132 за својата номинација истакнаа:

„ Давор Неќак е впечатлив баритон на кого посебно се гордееме. Тој ќе биде наш претставник на европскиот музички натрпевар „Томас Кути“.  Му ја даваме целата наша поддршка и навиваме за него“.

Националниот координатор за музичкиот натпревар Пламенка Трајковска ни изјави:

„ Јас сум национален координатор за музичкиот натпревар и од 2018 година секоја година имаме наш претставник на натпреварот. Како активен музичар постојано ги пратам достигнувањата на нашите млади музички имиња и исто така се консултурам со професорите по одделните инструменти да предложат кандидат кој најдобро ке се претстави на овој натпревар на кој секоја година има силна конкуренција. Оваа година наш претставник е баритонит Давор Неќак кој изминатиот период реализираше исклучителни настапи во Загребската опера, операта во Риека и Вараждин.Настапувал со Загребската филхармонија“.

Оваа година Европа форумот се оддржува во Загреб на 26.10 и дисциплината е соло пеење.

Давор Неќак е роден е во Битола, а солист e на операта во Риека во Хрватска, а неодамна ја доби специјалната награда на Љубљанската опера. Музичкото образование го започнал како пијанист, а средното образование го продолжил во класата по соло пеење на проф. Маја Митровска.

Своите студии ги продолжува на Музичката академија во Загреб во класата на Влатка Оршаниќ . Веќе на третата година од студиите на академијата во Загреб, со 21 година положува аудиција во Загребачката опера и дебитира со улогата на Моралес во Кармен. Следуваат улогите: Меркуцио во операта „Ромео и Јулија“во продукција на Хрватскиот народен театар во Ријека, улогата на Пандолф во операта „Пепелашка“ во продукција на Музичката академија во Загреб, улогата на Колас во операта „Бастиен и Бастиена“ во продукција на ХНК. Вараждин, улогата на Ван Стин во оперетата „Моќта на љубовта“, во соработка со Риечкиот театар и Загребачката филхармонија, улогата на Мајорот во операта „Животинска фарма“во продукција на Музичката академија. Оперската басна на Куљериќ е комплексен проект под диригентска палка на Младен Тарбук, а во режија на Крешимир Доленчиќ. За изведбата на ова дело, Музичката Академија ја доби наградата „Ватрослав Лисински“, која ја доделува Хрватското друштво на композиторите за допринос кон хрватското музичко творештво.

Веќе како студент е добитник на бројни награди, меѓу кои 1-ва награда на меѓународниот натпревар во Словачка, Трнава – „Микулас Шнајдер Трнавски“, посебна награда на натпреварот ЗИНКА МИЛАНОВ, доделена од Љубљанската опера , номиниран е за Хрватската актерско-оперска награда во категоријата „исклучително оперско достигнување за млади уметници до 30 години“, за улогата на Пандолф во операта „Пепелашка“.

 

Related Articles