Home » Групна изложба на Друштвото на ликовни уметници Битола по повод 51 година постоење

Групна изложба на Друштвото на ликовни уметници Битола по повод 51 година постоење

by culturalchat

По повод 51 година постоење, Друштвото на ликовни уметници Битола (ДЛУБ) организираше свечена групна изложба во просториите на Ликовен салон на ДЛУБ. Изложбата со наслов СЛАВИМЕ УМЕТНОСТ обедини дела од повеќе генерации уметници – членови на ДЛУБ. Триесет автори, членови на Друштвото, ги открија своите светови преку различни техники.„Оваа изложба сведочи за континуитет, заедништвото и креативната енергија која веќе половина век неуморно живее во Битола“, изјави Нела Петровска, претседател на Друштвото на ликовни уметници Битола. Покрај изложбата, се одржа и роденденски коктел како дел од прославата на 51-годишнината на Друштвото, кое е едно од најзначајните уметнички здруженија во Македонија. Изложбата беше продажна, а делата достапни за сите оние кои сакаа да внесат уметност во својот дом или колекција.
ДЛУБ продолжува со својата мисија – поддршка на ликовните уметници, организирање изложби, и активно учество во културниот живот на Битола. Учесници на изложбата беа: Оливера Лазаревска, Слободан Рајчевски, Панде Петровски, Васко Ѓорѓиев, Дејан Макаријоски, Стефан Малбашиќ, Мартин Јакимовски,  Ленче Крстеска Јагоридовска, Бојана Артиновска, Николче Српчански, Кирил Т. Константин, Александар М. Поповски, Владимир Младеноски, Ване Костуранов,  Владимир Илиевски, Вангел Крстиновски, Димитри Балојани, Филип Јовески, Валентина Илијевска, Бојана Тошевска, Симона Мирчевска, Душан Шешиќ, Маја Танева, Ѓорѓи Зајаковски, Стефан Анчевски, Билјана Толевска Наумовска, Динко Ненов, Љупка Галазка Василев, Анастасија Петрова Мушовска, Златко Крстевски.

Related Articles