Meѓународната жири комисија при Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на 21 Март 2О23 година ги донесе одлуките за доделување на највисоките награди за 41. издание на светската детска ликовна изложба и конкурс “Битола”.
На светскиот детски ликовен конкурс кој траеше во периодот од 20 септември 2О22 година до 20 февруари 2О23, комисијата констатираше дека пристигнаа над 650 пратки од приватни и државни училишта од цел свет – поточно од 71 држава што пак генерираше фонд од 44.000 детски ликовни цртежи.
Meѓународната жири комисија му предложи, а Управниот одбор на Детското ликовно студио ги усвои следните награди и нивните добитници:
- Почесната награда “Проф. Коста Хаџи-Антоновски” која се доделува за значаен придонес кон светската промоција на детското сликарство и кон промоција на младите ликовни уметници и таленти се доделува на градот Чигасаки – Канагава – Јапонија,
- Почесната награда “Проф. Светлана Вешиќ – Ралевиќ” која се доделува за прв пат а се однесува за најдобар педагошки пристап на светско ниво во работата со младите ликовни уметници и таленти се доделува на ликовниот педагог господин Вејсел Аџар – Трабзон – Турција,
- Почесната награда за животно дело за 2О23 година “Проф. Д-р. Богомил Карлаварис” која се однесува за целокупниот работен век на ликовен педагог при работата со млади ликовни уметници и таленти се доделува на ликовниот педагог госпоѓа Киран Кансара – Вадодара – Индија,
- Гран При – највисокото признание за 2О23 година се доделува на “Simply Art” – Хонг Конг – Кина.