Home » Гран при за „Формула на љубовта“ на 32.издание на ФАДФ „Камера 300“

Гран при за „Формула на љубовта“ на 32.издание на ФАДФ „Камера 300“

by culturalchat

На 1.Ноември, петок во Центарот за култура во Битола, ќе се одржи 32. Издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“.

Од избраните филмови во официјална конкуренција, а според Правилникот и пропозициите, жирито оваа година ги додели следните награди:

  1. GRAN PRIX наградата „Плакета Милтон Манаки” за најдобар филм на фестивалот му се доделува на филмот „Формула на љубовта“ на авторите Ноела Нечкоска и Рената Петревска-Нечкоска од Македонија,
  2. „Златна камера 300“ за филмот „Мојот сончев сон ја чека вечноста“, од авторот Славен Костов од Бугарија,
  3. „Сребрена камера 300“ за филмот „Јубилеј“ на авторот Бојан Петровски од Шведска,
  4. „Бронзена камера 300“ за филмот „Приказна од Комангуе“, од авторот Јирген Ричарс од Германија,
  5. сребрен медал на UNICA му се доделува на филмот „Традицијата продолжува “ од авторот Диме Талевски од Македонија,
  6. Плакета на Општина Битола за најдобра камера на авторот Дејан Младеновиќ од Македонија, за документарниот филм за Димче Миновски,
  7. Плакета за режија „Драги Савевски“ на авторот Николај Скерлев од Бугарија за филмот „Кутија од соништата “,
  8. Плакета за монтажа на авторот Бојан Петровски од Шведска, за филмот „Јубилеј“,

.9. Плакета за идеја „Стево Сидовски Сидо“на авторите Миа Панов и Дејан Панов од Македонија, за филмовите „Бродот Титов Велес “ и „Илинденка“,

  1. Плакета за репортажа на авторот Љупчо Паунковски од Македонија за филмот „Охридските пливачки легенди“.Стручното жири одлучи да бидат доделени и Специјални награди-плакети на авторите Нико Вестерхоф и Маршал Усингер од Холандија за филмот „Последните домови на Бергервеси“, на авторот Николја Скерлев од Бугарија за филмот „Бесмртност на камен“.

 

Related Articles