Home » ГРАН ПРИ за оркестарот „Солисти на ФМУ” и проф. м-р Сашо Татарчевски во Братислава

ГРАН ПРИ за оркестарот „Солисти на ФМУ” и проф. м-р Сашо Татарчевски во Братислава

by culturalchat

За првпат во историјата на Факултетот за музичка уметност од Скопје, еден оркестарски ансамбл учествуваше на меѓународен музички натпревар. Имено, студентите членови на камерниот оркестар „Солисти на ФМУ” под раководство на проф. м-р Сашо Татарчевски го претставија факултетот за Музичка уметност, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” како и нашата држава на фестивалот „Bratislava spring festival” кој традиционално се одржува во последната третина од месец март во главниот град на Словачка.Оркестарот настапи на три концерти, а зеде учество и во натпреварувачкиот дел на фестивалот. Врвната подготвеност и извонредниот прием кај публиката и останатите учесници на фестивалот се потврди и со одлуката на жири комисијата на оркестарот да му додели златна диплома со 98 поени во натпреварувачката категорија како и Гран При награда на фестивалот.

„Во еден навистина тежок период за нас, како факултет, но и за целото општество, ваквото врвно достигнување е нешто што го подигнува духот на студентите но и на сите млади луѓе, покажувајќи дека со знаење, посветеност и квалитетна работа ништо не е недостижно и невозможно“, истакнуваат од ФМУ. Овој успех се постигна благодарение на поддршката од Министерството за култура и туризам, како и од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и е јасен показател за тоа колку е важно да се поддржат оние индивидуи и колективи кои таквата поддршка стално ја оплодуваат со врвни достигнувања.

Related Articles